ВМРО-ДПМНЕ: Заев конечно заминува од местото кое го узурпираше

by fokus

Зоран Заев конечно поднесува оставка и заминува од местото што го узурпираше без да победи на избори, коментира опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Зоран Заев конечно заминува од позицијата од која ѝ нанесе огромни штети на Македонија. Три години Македонија е жртва на криминално-рекетарската банда на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев. Македонските граѓани никогаш повторно не смее да бидат жртви на криминалот, корупција, неработата и неспособноста“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев го претворил МВР во партиска подружница на СДСМ, а економијата го допрела дното. Македонското образование, велат од опозицијата, беше клекнато на колена и се најде на дното во Европа. Оттука обвинуваат и дека здравството е доведено пред колапс, бидејќи Заев и министерот Филипче повеќе ги интересирале криминалните тендери отколку здравјето на граѓаните.

Поврзани новости