-Денес е јасно на сите дека срамната приказна со венецот на Бојран е измислена и е во функција на сценариото за денешниот прес што само ја покажува монстроузноста и моралниот дефект на раководството на СДСМ и на новинарите кои што работат во соросовите медиумите во Македонија кој што се директни учесници во мрачните игри на раководството на СДСМ, пишува во реакцијата на ДПМНЕ по повод денешната „бомба“ што ја објави опозицијата.
Од владејачката партија велат дека зад здружението „Тодор Александров“ кое, како што велат тие, наводно го пратило погребниот венец до семејниот дом на новинарот Борјан Јовановски, всушност стоел Зоран Заев. Останува нејасно од каде ВМРО-ДПМНЕ знае дека станува збор за некакво здружение „Тодор Александров“, кога лицето кое и го предало венецот на сопругата на Јовановски, како што пренесоа медиумите, рекло дека „поздравот е од Тодор Александров“, без притоа да спомене здружение.