Зоран Заев и Радмила Шекеринска не се тушираат со студена вода во нивните луксузни купатила. Тие и нивните блиски уживаат на јахти и мотори, а за студентите е луксуз да добијат топла вода. Ветуваа студентски градови и подигнување на студентскиот стандард, а ги вратија студентите 15 години назад, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Студентите во студентските домови повеќе од две недели се оставени без топла вода и парно греење. Власта не работи за младите, власта работи против младите.
Студентите во студентските домови не можат да ги остварат основните потреби. Тие со недели немаа ниту топла вода, ниту греење, а температурите се се пониски. Студентите живеат во субстандардни услови. Иако редовно ги плаќаат обврските кон државата, обврските за домување, добиваат ризик по нивното здравје.
Исто и храната во студентските домови не ги задоволува санитарите и калориските стандарди. Во неа редовно можат да се најдат бубачки, отпушоци и игли! Вака се хранат идните академски граѓани кои треба одново да ја градат државата која што СДСМ ја уништува!
Ваквата состојба во студентските домови е резултат на негрижата и неспособноста на актуелната власт на СДСМ. Реализацијата на капитални инвестиции изнесува очајни 27 проценти нема нови проекти за младите, стопирана е реконструкцијата на студентските домови. Нема ништо ниту од ветувањата за изградба на студентските градови.
Ветувањето за младинска гаранција исто така остана уште една шарена лага на власта, а СДСМ дополнително скрати милиони евра со ребалансот на буџетот наменети за изградба на основни и средни училишта, превод на книги од светски реномирани автори и други проекти во интерес на младите.
ВМРО-ДПМНЕ знае што им треба на младите, а во новата програма на партијата тие ќе биде врвен приоритет. На Македонија и требаат младите кои одново ќе треба да ја изградат државата од пустошот кој го оставија Заев и СДСМ!“, додаваат од опозицијата.