Граѓаните кои 3 години се жртва на директорите и партиските шерифи на СДСМ, кои ги даваа на извршување и ги тужеа граѓаните, нема да бидат изманипулирани, од лажното душегрижништво на Зоран Заев, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев и СДСМ спроведуваат предизборен поткуп. На само 6 дена пред техничка влада, Зоран Заев најавува отпишување на долгови, процес кој планираат да се одвива во изборен период.
Зоран Заев со овој чекор директно врши изборен поткуп на однапред определена група на граѓани.
3 години граѓаните беа жртви на џелатите на власта, јавните претпријатија и државните органи, кои ги даваа на извршување граѓаните и ги малтретираа по налог на Заев и врвот на власта, за сега да ги лаже и манипулира дека нешто прави.
Лажната грижа за граѓаните завршува. По 12 април и отпочнувањето на обновата на Македонија следува вистинска грижа за граѓаните и нивните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.