627
Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите. Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет, велат од партијата.
Од партијата додаваат дека доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможна со Вилма Русковска.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, главното прашање е зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит.