Секој ден над стотина граѓани остануваат на улица, а Заев вели дека Република Македонија има стабилна економија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од партијата, додека граѓаните осиромашуваат и не знаат како да ги платат даноците, Заев заедно со неговите министри се луксузира.
-Шекеринска во Министерството за одбрана купува колачи и вафли, а 40.000 ново невработени луѓе немаат за леб. Економијата во државата доживеа колапс. Според извештаите, земјата во вториот квартал од 2020 година бележи нето-одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека Заев ги довел граѓаните до питачки стап, додека неговите бизниси цветаат.