ВМРО-ДПМНЕ: Заев една година не може да го пушти автопатот Скопје-Штип

by fokus

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека се радувал на туѓите успеси, потенцирајќи го неговото присуство на пуштањето на коридорот 10, а од друга страна како што велат, дома ништо не сработил.

-Република  Србија го заврши коридорот 10 низ најтешката траса долж истиот, а Зоран Заев со Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи.

Очекувано е секој возач и патник кој што ќе го користи коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија не само да се радува на туѓите успеси туку и да сработи нешто за кое што е платен.

Додека во соседството пуштаат автопати, Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје – Штип, кој беше завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија – Смоквица, направен во време на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Заев лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави.

Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од истата.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости