ВМРО-ДПМНЕ: Заев е спремен да ја плати секоја цена да остане на власт

by fokus

Алтернатива наместо партија којашто сака да промени нешто во општеството и да стане коректор на искривените вредности, станува партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на одговор на новинарско прашање за новиот договор СДСМ и Алтернатива.

Тој праша до кога политичките партии од власта кои што не се дел од СДСМ/ДУИ и Алтернатива, ќе бидат слепи и неми посматрачи на сите криминали, неправди, и политички договори.

-Од друга страна Заев покажа дека е спремен да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата. Но и денес СДСМ станува партија на многу проблеми и денес Заев е повеќе од порано заложник на Али Ахмети и на ДУИ, рече Стоилковски.

Поврзани новости