Заев е бранител на криминалот на Рашкоски кој и понатаму може да влијае на сведоците. Рашкоски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Луј Витон судството покорно ги слуша нарачките на Заев, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.
-„ Немам сомневање дека се е чисто“ – рече Зоран Заев за случајот со Рашковски. Со ова Заев му дава легитимитет и институционална покриеност на Рашковски и неговите дејствија, дека тие дејствија се дејствија на владата, т.е. на него лично. Зоран Заев потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер. Сега Рашковски е приведен, а Заев на слобода. Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш!
Во истата изјава Заев продолжува – „Овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи, ова е правено со причина. Не ни текнало нас седејќи во Владата ‘ај ќе правиме софтвер’. Имало потреба за тоа, затоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства“.
Набавката на софтверот на Рашковски е идеја на Владата и Владата стои зад него, тоа е дел од политиката на владата, тоа го кажал Зоран Заев лично. Го повикуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да го прошири случајот и кон него. Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ, пишува во соопштението.