ВМРО-ДПМНЕ: Заев да си поднесе оставка на денешниот ЦО на СДСМ и да ги сменат сите министри, пратеници и градоначалници

by fokus

Единствен начин Зоран Заев да и помогне на Македонија е самиот да ја понесе одговорноста на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ, порача денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Точно е дека одговорност имаат и претседателите на општинските организации на партијата кои молчеа и го поддржуваа криминалот на Заев и на неговите соработниците само за некое вработување или поситен бизнис. Тие треба да бидат сменети, но најголемата одговорност е лично кај Заев и кај неговите први соработници. Зоран Заев мора да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ и за лагата дека датата „кристално чиста е добиена уште лани“. А и за ветувањата од него дека Бујар Османи ќе одговара, дека ќе има кривична за него заради криминал, рече Стоилковски.

Тој додаде дека СДСМ треба да ги смени и сите министри поради лошата работа, како и сите пратеници и градоначалници поради трговија на црно и деспотско однесување.

Поврзани новости