ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже која е таа географска одредница што за него е прифатлива?

by Fokus

ВМРО ДПМНЕ бара од премиерот Зоран Заев да ја информира јавноста за процесот на преговори со Грција, бидејќи како што се вели во партиското соопштение, „Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори“.

-Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека била прифатлива географска одредница, но не кажа во чие име говори и која е таа одредница што за него е прифатлива. Не кажа ниту кој би бил опсегот на употреба, а премолчи и околу тоа дали станува збор само за географска одредница која би била за меѓународна употреба или тоа значи промена и на Уставот, односно уставното име, националноста и јазикот. Исто така, остана неодговорено и прашањето дали оваа географска одредница би имала англиска транскрипција или не – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости