ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали за него се отвори хотел во сред пандемија за да се одмара после дивеењето со мотори?

by fokus

Заев да каже дали за него се отвори хотели во сред пандемија за да се одмара после дивеењето со мотори? Ова прашање денеска од ВМРО-ДПМНЕ го упатија до премиерот Зоран Заев.

„Заев треба да знае дека додека се одмара на мотор, докторите работат 24 часа на ден, 55.000 луѓе останаа без работа, и половина милион живеат со 2 евра на ден. Додека тој дивее со мотор, луѓе блиски до неговото семејство пренесуваат дрога во милионски суми.

Заев да не лаже, туку да каже дали Александар Ушилковски е возач на Трајче Заев и дали комбето е на фирма блиска до нив?
Заеви да не се обидуваат да бегаат од одговори. Александар Ушилковски беше виден од цела Македонија на Рекорд паркиран со Мајбахот на Трајче Заев.
Заев да кажат и дали комбето е на фирма која е во партнерски односи со нивни фирми?

Колку и да се труди Заев да избега од вистинските прашања, нема да избега. Одговори мора да даде!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости