ВМРО-ДПМНЕ: Заев да го разреши Оливер Ристовски поради навредите упатени кон партијата

by fokus 12:56
12:56

ВМРО-ДПМНЕ бара најитно извинување за навредите и етикетирањата од типот фашисти упатени кон партијата од страна на владиниот заменик министер Оливер Ристовски, искажани во една емисија на телевизија со национална фреквенција.

„Го повикувам Заев да го разреши од позицијата во Владата, а во спротивно ќе докаже дека директно тој стои зад ваквиот говор на ормаза.

Стравот од пораз ги прави нервозни.

- Advertising -

Очигледно е дека СДСМ во недостаток на аргументи и исплашени од пораз се во паника. Недозволиво е нивниот страв од неминовниот пораз на 12 април да го прикриваат со најразлични лаги и манипулации, како и да шират клевети само поради тоа што знаат дека за неколку месеци нема да бидат власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости