419
СДСМ го достигна врвот на лицемерието и потценувањето на јавноста. Пред неполни две години Зоран Заев и неговите соработници аплаудираа и славеа кога се палеа фотографии од претседателот Ѓорге Иванов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Разулавените хулигани тогаш не застанаа само на палење фотографии, туку демолираа и палеа и државни институции. Сега истите тие ги омаловажуваат и навредуваат Македонците ширум светот дека се примитивци и ги поистоветуваат со еден изолиран случај, само заради тоа што изразуваат несогласување со деструктивните политики на актуелната власт – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.