Зоран Заев ја опустоши и ограби државата за овие три години колку што е на власт. Нема бизнисмен кој не е изрекетиран, нема институција каде немало сомнителни милионски тендери, обвинуваат преку партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Три години имаше заборавено на генералниот реизбор на судии и другите ветувања кои ги имаше давано од опозиција, затоа што го притискаше судот да не му пресуди за поткупот од 200.000 евра. Судиите му требаа додека вршеше разни притисоци за предмети како да бидат или да не бидат пресудени и кој да излезе од притвор или затвор.
Ги пушти осудените за убиството на 5 – те деца кај Смилковско, па еден у избега, а во затвор има невини луѓе кои лежат за патриотско чувство.
Три години владее вистински режим. Режимот на Зоран Заев диктаторот од Муртино. Во чие време е сторен најтешкиот криминал, со рекетарско бандитска изнуда на над 20 милиони евра, а ниту една институција не реагирала да го заштити бизнис секторот.
Три години владее режимот на Зоран Заев во кој за нив има мед, а за народот леб и сол.
Три години ја задолжуваат државата и направија нов долг од над 900 милиони евра, пари кои ќе ги враќаат нашите деца.
Три години државата тоне, а тие ги билдаат банкарските сметки.
Ова црнило мора да заврши. Зоран Заев на 12 април си заминува од власт. По 12 април следува обнова на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.