ВМРО-ДПМНЕ: За време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ, струјата беше намалена

by fokus

За време на претседателот Христијан Мицкоски во ЕЛЕМ, струјата беше намалена, а претпријатието оставено со позитивно салдо, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека додека Мицкоски бил на чело на ЕЛЕМ струјата поскапела за 100 отсто во услови кога немало светска криза.

-Чиста лага и извртување на факти е да се вели дека струјата е покачена за 100% во време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ. Откако претседателот е именуван за советник во владата за енергетика, во Април/2015 година, па се до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%. Ова се факти од кои антимакедонската СДС не може да избега.

За разлика од времето кога претседателот Мицкоски го водеше ЕЛЕМ, сега цената на струјата заклучно со Јуни/2022 година граѓаните е 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога тој беше директор на ЕЛЕМ, после последното поскапување од 1-ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за повеќе од 50% поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја, реагираат од опозицијата.

 

Поврзани новости