За разлика од времето кога пожарите ги гасеше Јоцо Манго на Заев познаникот со 50 годишен ФАП, сега гаснат авиони и хеликоптери. Во време на СДС двата авиони за гаснење пожари беа вон функција, ниту имаше пилоти кои ќе ги летаат. Сега во функција се авионите и има потпишано договори со пилотите, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ за неспособност на владата да се справи со пожарите.
„За разлика од времето кога хеликоптерите се користеа за да се развозуваат Заев, Шекеринска, Ковачевски, сега се користат за гаснење на пожари. Со СДС секоја година беше кошмар. Заев се сончаше кога низ Македонија беснееше најголемиот пожар во историјата. Наместо премиерот да биде во првите редови тој се сончаше, а пожари гаснеа пожарникари од Австрија.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги има под контрола пожарите. И сите институции и министрите на чело се на терен.
СДС треба да се срами да напише соопштение за пожарите. Затоа што државата ја оставија руинирана. ВМРО-ДПМНЕ за неколку дена мобилизираше се што може и акцијата е многу пати поголема и поодоговорна од времето на СДС“ порачаа од владејачката партија.