558
Предлогот за отворени листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик, велат од опозициската ВМРО-ДОМНЕ за предлогот на министерот за правда, Бојан Маричиќ..
Тие исто така предлагаат локалните избори да се одржат во еден изборен круг – Нашиот предлог е локалните избори да се одржат во еден изборен круг со цел да се заштедат пари на граѓаните во период на тешка економска криза и да се заштеди време во кое ќе се спроведе изборниот процес. Исто така, бараме, еднаш засекогаш да се регулира гласањето на дијаспората, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.