Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во изјава за „Фокус“ вели дека од консултациите кои нивиот лидер Христијан Мицкоски во сабота ќе ги има со премиерот Зоран Заев очекуваат премиерот без уцени да ја прифати реалноста и да ги заврши последните денови како премиер.
-Очекуваме Зоран Заев да ја прифати реалноста дека ја нема поддршката од народот и без уцени и да ги заврши последните денови како Премиер и на 3 јануари да ја напушти Владата. Во моментов Заев се обидува да уценува во Собранието само за да си го помине законот за опојни дроги под превезот на другите закони. Ние ќе ги поддржиме сите закони за добро на граѓаните, но нема да дозволиме последните денови од власт на фамилијата Заеви да гласаат закони на штета на граѓаните, а нивна лична корист, вели Арсовски.
Што се однеува до предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за техничките министри и заменици, Арсовски вели дека имињата ќе се знаат многу набрзо и ќе бидат јавно објавени.
-Ќе бидат секако луѓе кои работат врз база на принципи, професионалност и за добробит на граѓаните и државата, рече Арсовски.