ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор СДСМ-ДУИ: Да почекаме, ги држат граѓаните без информации за процесот

by fokus

Откако СДСМ најави дека денеска се очекува конечен договор со ДУИ за формирање на влада, од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ велат дека тие ќе излезат со реакција откако ќе бидат познати деталите, бидејќи, како што велат, СДСМ ги држи граѓаните без информации за текот на преговорите.

-Да почекаме да видиме што ќе се случува во текот на денот и да ги видиме деталите, имајќи во предвид дека граѓаните ги држат без информации за процесот, изјави за „Фокус“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Што се однесува на евентуално бојкотирање, односно неприсуство на продолжението на конститутивната седница на Собранието, Арсовски вели дека тие веќе се дел од седницата.

-Во однос на второто прашање, ВМРО-ДПМНЕ веќе е дел од конститутивната седница, одговара Арсовски.

К.С.

Поврзани новости