Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ попладнево на прес конференција ја праша власта дали пропаѓањето на Еуростандард банка е „нов ТАТ“.
-Пропаѓањето на Еуро стандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар во банкарскиот и финансискиот сектор. Да бидеме на чисто. Со ова директно и индиректно засегнати се огромен број на пензионери кои добиваат пензија преку користењето на услугите на банката, луѓе кои добиваат плата, и бизниси кои ги користеле услугите на банката. Со пропаѓањето на банката доведени се во прашање исплатите кон 55 илјади граѓани, од кој над 35 илјади пензионери и речиси 20 илјади приматели на социјална помош. Со ова на терет на државата во услови на криза се додаваат депозити во износ на 4.4 милијарди денари или околу 70 милиони евра. Дилеми кои се наметнуваат во овој момент се:
Што ќе се случи со депозитите на правните и физичките лица?
Загрозени се и лицата кои имаат станбен кредит. Важно е и прашањето што ќе се случува со лицата кои имаат хипотекарен станбен кредит, кои редовно си го исплаќале, дали ќе се активираат хипотеките и ќе се продаваат преку извршители?
Почитувани граѓани, ова ќе создаде хаос во банкарскиот сектор и тоа во услови на корона криза, вели Кочоска.