ВМРО-ДПМНЕ: За една недела 300 починати од Kовид-19, Филипче да даде оставка веднаш

by Fokus

Триста починати од ковид-19 за една недела, и уште 60-тина слободни кревети во болниците, а Филипче вели се е под контрола. За една недела имаме речиси 9.000 заразени. Четири пати повеќе отколку што Филипче предвидуваше за цела пандемија. Секој ден е буквално нов пик и за починати и за заразени. Ситуацијата е одамна излезена од контрола, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче е неспособен да набави вакцини. Веќе 4-ти месец нема вакцини. И тие вакцини кои пристигнаа се донации. Филипче е директно одговорен заедно со Заев за сите починати од први јануари до сега, да имаше вакцини, голем број од нив ќе беа спасени.

Ситуацијата е очајна во целост. Пациентка умре затоа што во болница немаше кој да ѝ даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија. На целиот овој крах, го прашуваме Филипче како не му е срам да дава изјави и да тврди дека сѐ е во ред? Наместо да смислува изговори, нека даде оставка веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости