ВМРО-ДПМНЕ за анкетата: Управителката на Стратум е соработник на Заев

by fokus

Стратум Рид е истата компанија која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации. Сега истата компанија која доби пари од власта, пред избори мести анкети за СДСМ, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ по објавената анкета на „Стратум рид“ за тоа како ќе гласаат граѓаните на претстојните локални избори.

– Анкетата е лажна и за политичка употреба пред самите избори, што најдобро ја отсликува нервозата во СДСМ и поразот кој им следи. Компанијата која е соработничка на владата сега е соработничка и на СДСМ. Веројатно самите анкети се правени на компјутерот во седиштето на СДСМ, а не врз основа на научен и репрезентативен примерок. За сето ова говори и фактот што управителката на Стратум Весна Кузмановиќ е соработник и со Зоран Заев, обвинува партијата.

Анкета на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, а за ВМРО-ДПМНЕ 22.8%

Поврзани новости