Институтот за истражување на Политики и Добро Владеење – Скопје (ИПДВ), спровел телефонска анкета во периодот помеѓу 05 и 09 ноември 2023 на репрезентативен примерок на ниво на Република Северна Македонија.
Истражувањето било реализирано на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници со што биле запазени репрезентативните карактеристики на населението.
На прашање за кола политичка партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори, за СДСМ рекле дека ќе гласаат 12,6% од испитаниците, додека за ВМРО-ДПМНЕ тој процент изнесува 19,5.
Според анкетата, за ДУИ би гласале 5,3%, за Алијанса за Албанците 4,5, а за БЕСА 2,4% од испитаниците.
На прашање во кој политичар имате најголема доверба, според анкетата, Димитар Ковачевски има 9,1% поддршка, а Христијан Мицкоски 16,9%.
Следуваат Стево Пендаровски 6.1, Зоран Заев 1,5, Али Ахмети 5,1 и Арбен Таравари со 4,8% доверба.