569
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја напуштија Комисијата за економија поради невладините организации и медиумите кои јавно кажаа дека биле под притисок на вицепремиерот Кочо Анѓушев.
-Иден творец на овој закон е вицепремиерот Анѓушев и ја користиме оваа прилика да упатиме апел до владините функционери да престанат со заканите и цензурата кон новинарите и граѓанскиот сектор. Ја напуштаме оваа комисија и бараме од високите владини функционери да понесат морална и политичка одговорност, рече Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред да ја напуштат седницата пратениците на ВМРО ДПМНЕ обвинија дека новиот закон за енергетика намерно е направен хаотично за да се прикријат бизнис интересите на Владата.