ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обвинувањата на СДСМ дека намалувањето на глобите за фирмите било задоцнето. Од владејчката партија велат дека во времето на СДСМ само се затворале фабрики, додека сега ситуацијата е поинаква и економијата е во раст.
-На душа на СДСМ оди затворањето на Фринко Битола, ФАС 11 Октомври, Астибо, ГОДЕЛ Скопје, Струмичанка и ЗИК од Струмица, Алумина, Порцеланка, Мирка Гинова, Свилара, Стаклара Скопје, Хемтекс, Фротирка Делчево, Карпош Крива Паланка и уште стотици други фабрики низ цела Македонија, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека сега состојбата била сосема различна, се отворале нови фабрики, се вработувале илјадници луѓе, се намалиле персоналниот данок, данокот на приход, а за одредени категории се воведувало ослободување од плаќање даноци и придонеси.
-Впрочем, Светската банка во својот извештај Дуинг Бизнис самата воочува дека Македонија има направено огромен напредок, од 96 позиција во 2006 година (во време на СДСМ) до 30 позиција за 2015 година (во време на ВМРО-ДПМНЕ), потсетуваат од ДПМНЕ.