ВМРО-ДПМНЕ: Во целост го поддржуваме ставот на НАТО за Украина

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратегиски уверувања и дејствувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската народна партија во врска со најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација.

„Уште еднаш го повторуваме ставот дека за ВМРО-ДПМНЕ почитувањето на нормите на меѓународното право, чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина, се фундаментално важни. ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес“, соопштија од партијата на Христијан Мицкоски.

Поврзани новости