ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија има антракс, власта крие

by Fokus

Во Македонија се појавила опасната заразна болест антракс, а власта крие, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата објавија дека имаат сознанија дека пред две недели било донесена заразена овца од западна Македонија во Ветеринарниот факултет во Скопје.

Со испитување е потврдена дијагнозата, а поради тоа 30 вработени од Факултет веднаш биле однесени на Инфективна клиника за превентивна терапија.

Од опозициската партија прашуваат дали се преземени сите превентивни мерки за вакцинација на населнието и локализирање на болеста кај животните која лесно се пренесува на луѓе.

– Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов  и министерот Трајан Димковски мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на оваа заразна болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето, или се чека болеста да земе замав и да има последици по животите на граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости