ВМРО-ДПМНЕ во „блиска иднина“ ќе поднесе предлог-закон за криптовалутите

by fokus 18:06
18:06

ВМРО-ДПМНЕ веќе работи на подготовка на предлог законско решение за регулација на тргување со криптовалути, велат од партијата за „Фокус“. Во однос на тоа кога нивната пратеничка група ќе го поднесе предлог-законот во Собрание, велат дека тоа ќе биде во „блиска иднина“.

-ВМРО-ДПМНЕ заедно со истакнати познавачи на напредната технологија блокчејн и тргувањето со криптовалути подготвува предлог законското решение,со цел истото да биде согласно правните регулативи во Република Македонија. Оваа технологија може целосно да го преобликува начинот на работење во финансискиот сектор, преку промената на начинот на чувањето и трансферирањето на средствата, извршувањето на договорите и управувањето со ризиците. Дополнително, може да обезбеди околу половина милијарда евра во буџетот. Очекуваме во следниот период, во блиска иднина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го достави предлог законот до Собранието, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“.

- Advertisements -

Опозициската партија очекува ова законско решение да добие поддршка од сите политички партии.

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости