Денеска граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок поради не продолжување на мерката загарантирани цени на прехранбените производи. Со ваквата одлука на владата на СДС и ДУИ директно се удира по џебот на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата која што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната.
Владата на СДС и ДУИ од една страна додека се фали дека наводно ги зголемуваат платите, а од друга страна носи непромислени одлуки кои негативно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните.
Наводното зголемување на платите со кои се фали СДС и Димитар Ковачевски е безначајно бидејќи куповната моќ на парите е намалена. Па така за да се наполни една потрошувачка кошничка потребни се околу 1000 евра, или три минимални плати.
Со СДС и ДУИ граѓаните едвај врзуваат месец за месец. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај преживуваат“ велат од партијата.
Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи, според ВМРО-ДПМНЕ, само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари.
„Владата на СДС и Ковачевски во заминување преку ваквите катастрофални мерки сакаат да им се одмазди на граѓаните заради нивниот слаб рејтинг. За нивниот слаб рејтинг не се виновни граѓаните, туку самите тие кои изминатите 7 години водат политика на криминал и лично богатење.
Македонската економија е на дното, а тоа го потврдува и фактот што Македонија е најзаостаната земја споредбено со земјите од регионот. 7 години СДС и ДУИ се 7 години изгубени за граѓаните и државата.Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!“ порачаа од опозициската партија.