„Власта на ДУИ и Ковачевски шверцерски со потпис на Артан Груби протнала одлука за основање на дури три нови онлајн коцкарници. Во услови кога народот тоне во сиромаштија тие наместо да работат на подобар стандард формираат коцкарници кои уште повеќе ќе ги осиромашуваат граѓаните“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат „Да биде ова уште посомнително, власта воведува услови кои ги дисквалификуваат домашните фирми и отвораат можност да влезе капитал од бугарското подземје каков што е ликот Васил Бошков Черепот“.
„Токму овој лик поврзан со бугарската мафија, кој живее во Дубаи, се занимава со бизнисот со коцкарници и условите за бизнисот во Македонија кои ги определува Владата му отвораат можности на бугарското подземје да навлезе во државата. Ова не само што е лицемерно од страна на власта која го осиромашува народот, туку е и крајно опасно за државата“ се вели во партиското соопштение.