473
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска излезе со обвинувања за власта дека нема план и решение во пресрет на новата учебна година.
-Власта на Заев е тотално изгубена во менаџирањето на кризата со епидемијата од корона вирусот. Ниту на здравствено поле, ниту на економско поле, ниту на полето на образованието. Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие нудат решение во 10 точки за непречен и ефикасен процес на едукација и велат дека очекуваат МОН да ги земе предвид нивните предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците.