ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Ковачевски намерно го осиромаши народот за да се обиде да го поткупи со 1.000 денари месечно

by Fokus

„Димитар Ковачевски и неговата влада ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Скроиле буџет и мерки со цел да прават предизборен поткуп, но вистината е дека на народот сакаат да му фрлат малку трошки, додека тие како власт го собираат кајмакот. Згора на сето ова владините функционери ги наполнија своите сметки и сметките на фирмите блиски до нив со стотиците тендери, криминални набавки и коруптивни зделки. Натрупаа стотици милиони евра нов долг , од кој народот не виде речиси ништо, а тие сето тоа го `изедоа и испија`“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат „додека Ковачевски пробува да ги поткупи граѓани со 1000 денари, тој за себе и за своите функционери си обезбедува 78% повисоки плати, кои дополнително треба да пораснат после Нова година. Со други зборови Ковачевски направил за себе да зема 50 евра повисока ДНЕВНИЦА од таа која што ја земал до сега, а народот го убедува дека 1000 денари или 15 евра МЕСЕЧНО му се доволна помош“.

„Ковачевски очигледно водел политика целиот овој период за осиромашување на народот, со цел да се обиде потоа со 15 евра месечно да го купи. Тоа е бесрамно. Речиси 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, од кои 80 илјади се во екстремна сиромаштија. Овие погубни статистики се резултат на катастрофалните економски политики на Ковачевски и на владата на ДУИ и СДС“ се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости