ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да прифати решение за попис кој отстапува од европските стандарди, по веста дека Владата го пуштила во собраниска процедура законот за попис кој треба да се одржи во април. Опозицијата тврди дека власта досега ја нема консултирано за ова суштествено прашање.
-Пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција. Досега власта ја нема консултирано опозицијата за вака суштествено и стратешко, важно прашање на земјата. Пописот не треба да се спроведе во зависност на политичките интереси на власта на Зоран Заев, туку со почитување на европските критериуми за попис, пропишани од ЕУРОСТАТ која е институција за вакви дејности во Европската унија, изјави партискиот портпарол, Димче Арсовски.
Порачува дека ако и овој попис пропадне вината ќе биде единствено кај власта бидејќи се одвива без консултации со опозицијата.