Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија.Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне?, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на препораките на македонско-бугарската експертска комисија за историски и образовни прашања.
-Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава.
Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.
СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.
Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.