Додека Владата зборува за замрзнати цени на лебот, таа самата набавува леб по цена 30 до 100 % повисока од таа која самата ја пропишала, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
-Службата за општи и заеднички работи при Влада во втората половина од минатата година склучила договор за набавка на бел леб по цена од 41,4 денари за 450 грама. Очигледно кога се работи за народните пари власта не знае да штеди и да пресметува па дава и колку што треба и колку што не треба. Уште поеклатантен е примерот со белиот леб со продолжен рок кој што го плаќа за 75,6 денари за 450 грама, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму прашуваат според кои пресметки на Владата е логично да се набавува леб по овие цени кои се 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува Владата.
-Зарем Владата набавува леб по цена која ги крши прописите на Владата и со тоа самите стануваат соучесници?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.