ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ судиите ги претвори во политички пиони за да затвораат патриоти

by Fokus

„Само во Македонија, видни личности, патриоти, кои немаат сторено ниту прекршок се прогласуваат за терористи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта безобразно и на очиглед на сите ги злоупотребува институциите на системот за политичко пресметување со неистомислениците. Судовите не се ни трудат да ја запазат правната постапка. Во решенијата што се доставени до правните застапници на обвинетите воопшто нема образложенија или тие не соодветствуваат со фактичката состојба. По повеќе од десет дена се уште не се добиени решенијата за притвор за некој од уапсените што јасно укажува на фактот дека ова не е правен процес туку политичка пресметка – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, Владата на СДСМ судиите ги претворила во политички пиони кои ги користи за дневно политички потреби, целосно уривајќи го угледот и честа на судовите како институции кои треба да дејствуваат независно од извршната власт.

 

Поврзани новости