ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ избрка од работа успешни директори на институции за да вработува комичари, поети и самонаречени експерти

by fokus

Зоран Заев и СДС почнаа со партиските чистки и со политичкиот прогон на неистомислениците, со нивно бркање и смена од работни места, изјави на прес-конференција, Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека во еден ден биле сменети 1.500 членови на управни и на надзорни одбори.

„Фондот за здравство сè уште не може да носи одлуки за лекување на болни осигуреници во странство поради ваквиот дилетантски однос на антиреформаторската влада. Се бркаат од работна позиција успешни директори на институции само затоа што не одработувале за интересите на Заев и на СДС и затоа што над нив новиот режим нема контрола. Покрај партиските војници, се вработуваат и децата на коалиционите партнери, разно-разни комичари, поети и самонаречени експерти, кои со години одработувале за СДС и за Заев, лажејќи ги сите другите граѓани дека се граѓански коректив на власта“, изјави Данев.

Поврзани новости