Република Македонија е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот, според бројот на жители. Хрватска која е пред нас има 102 заразени на милион жители, а по нас е Црна Гора со 83 заразени на милион жители.Поради несоодветната грижа во државата 12 проценти од заразените се лекари, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Секој граѓанин мора да се заштитува себе и своите блиски и здравјето на сите граѓани. Сето ова мора да се надмине, а медицинскиот кадам мора да биде заштитен. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ го предлага следново:
1. Сите здравствени работници да имаат доволна количина на заштитни материјали.
2. Да се подготви Бел план за здравствените институции во земјава, за да се подготват за најлошото сценарио. Овој план значи зголемување на капацитетите и разработено сценарио при ескалација на состојбата.
3. Масовно тестирање на ризични групи, на повратниците од дијаспората, тестирање на младите преку тестирање на репрезентативен примерок од оваа група, редовно тестирање и планска заштита на лекарите и здравствените работници.
4. Организирање на карантини со соодветни услови.
ВМРО-ДПМНЕ како партија која е секогаш на страна на сите граѓани дава поддршка за сите медицинските и здравствените лица и ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи поголема заштита лекарите и здравствените работници.Владата е должна и мора да обезбеди доволно ресурси да се заштити медицинскиот персонал, да се обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!, порачуваат тие.