Владата има 670 илјади евра за набавка на цвеќиња, 40 илјади евра за набавка на кафе и 1 милион и 600 илјади евра за набавка на лубриканти, но нема за студентски домови, порача Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата крати 170 милиони денари од Буџетот наменети за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентите се уште чекаат да заврши реконструкцијата на блоковите В и Г во Студенстки дом „Гоце Делчев“, која иако беше најавена за во септември оваа година веќе месец ипол доцни.
Министерот во изјава за медиуми во август годинава кажа дека реконструкциите се очекува да завршат во септември, три месеци подоцна студентскиот дом зад мене се уште наликува на градилиште.
Блокот В е објект кој требаше да биде готов уште минатата година. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт истиот ќе беше и веќе во употреба. Двата блока кои се со капацитет од 600 легла се жртва за неспособноста на власта.
Најавуваа изградба на студентски град и дека истата ќе ја отпочнат во првите шест месеци од преземањето на власта, сега не само што не е отпочната изградба на студентски град, туку проект кој веќе е започнат од страна на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од година ипол се развлекува.
Дополнително ситуацијата во студентските домови откако СДСМ е на власт не само што не е подобрена, туку се и влошува. Зачестија слики од револтирани студенти кои покажуваат како во нивната храна наоѓаат и бубачки, отпушоци и игли. Сето ова е одраз на погрешните приоритети на СДСМ.
Младите добија безброј ветувања пред изборите. СДСМ вети многу, а не реализира ништо. Веќе поминува половина од нивниот мандат, а младите од оваа влада не видоа ништо добро. Ветуваа се, но не реализираа ништо.
Почитувани, Време е оваа влада да си замине“, додаде тој.