Димитар Ковачевски и цело СДС со месеци лаже дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако вчера во Собранието заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата, а гласањето е одложено до обезбедување на потребното двотретинско мнозинство.
-Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени. Цело СДС синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени. Вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДС не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70. Вистината излезе на виделина. СДС губи пратеници. Сите лаги на власта се распрснаа, се вели во реакцијата.