Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на вечерашната прва прес конференција по затворање на избирачките места, порача дека граѓаните на црната кампања на власта одговориле со масовна излезност.
-Ние ќе продолжиме да работиме за сите граѓани. Одговорот на црната кампања на власта беше големата излезност. Видовме како изгледа власт која паѓа. Ваква брутална и масовна злупотреба на државни ресусри за партиски цели е невидена. Изборниот процес помина со низа нерегуларности. Имаме нерегуларности, односно поткуп во Кочани, Радовиш, Ново Село… Во текот на вчерашниот ден новинарска екипа беше нападната. Имало и физички напад во село Бојане врз набљудувач од невладина организација.
Згорени сме од недемократското однесување на власта, но ќе ги преземеме сите чекори за одговорност. За тоа ги информиравме и сите меѓународни институции. Веруваме во победа, рече портпаролката Митева.