„По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа. Тарифата за пристап на мрежа од 200 денари е нова давачка која ја воведе СДС со цел да собере повеќе пари од граѓаните во буџетот. Платформа 1198 предвидува укинување на мрежарината воведена од СДС. Мрежарината од 200 денари е неоснована давачка која удира по џебот на граѓаните“ соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека „по формирање на владата ќе се ревидира тарифниот систем, и владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мрежарината од 200 денари, на која кога ќе се пресмета и ДДВ од 18%, доаѓаме до сума од 236 денари, пари за кои веднаш ќе се намалат сметките“.
„Со оваа мерка секое домаќинство ќе заштеди по 3.000 денари годишно. Идната влада ќе ја врати државата на народот. Заврши времето на грабежи”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.