59
Веста објавена на неколку електронски медиуми со наслов: „Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата“ е неточна и истата во целост ја демантираме, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.
Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение“ велат од партијата.