619
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека во време кога ги осиромашува граѓаните со покачување на цената на горивото безсрамно нуди ваучери за летување.
-Поради неспособноста на власта на Заев, околу 600.000 лица живеат во сиромаштија, со едвај 2 евра дневно, 60.000 станаа нови невработени, а над 6.000 бизниси кои се најчесто семејни ставија клуч за само една година, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Тие тврдат дека власта создала нов долг од 2,4 милијарди евра, а притоа ништо не изградила.
-Ваквите мерки за ваучери им се гол популизам со кој на краток рок купуваат социјален мир наместо да ги поддржат стопанството и индустријата, како главен двигател на економијата и стандардот на граѓаните, сметаат во опозицијата.