Таман помисливме дека неуспешниот Фатмир Битиќи се опамети, тој пак пролупа нова глупост. Мислевме Битиќи преминал во друга политичка партија како што најавуваше, но најверојатно не се договорил за позиција, па сега пробува да му се допадне на Венко Филипче бранејќи ги криминалите на неговите сопартијци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Битиќи да молчи да не почнеме да вадиме за него, па да плаче после дека сме албанофоби како што и вообичаено прави кога нема како да се оправда. Битиќи мора вака да плаче јавно, бидејќи сега нема делење на финансиски средства на владина седница на неговата сопруга. Им се ускрати тоа право, па станува се понервозен.
Му порачуваме да се вразуми, бидејќи лошо му влијае нервозата на здравјето.
Воопшто не сте иновативни и креативни во измислување на оправдувања, прочитана книга сте, затоа и сте опозиција со едвај 15 пратеници помеѓу кои има политички несогласувања и расправии. Но, за цела среќа Битиќи е небитен лик, а и сега нема каде да дава изјави па така и нема кој да се кара и да навредува новинари по настани да бега од нив.
Вардар не ја пере Бисера, а најмалку Битиќи. Со докази ќе ја информираме јавноста како Владата на СДС и ДУИ ги трошеле парите на граѓаните изминатите 7 години“ порачаа од владејачката партија.