ВМРО-ДПМНЕ утревечер ќе ги соопшти имињата на министрите и дополнителните заменици министри во техничката Влада

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ утревечер по седницата на Извршниот комитет ќе ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство кои ќе бидат дел од техничката влада, потврдија за МИА вечерва од опозициската партија.

Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да започне околу 20:30 часот.

Техничката влада треба да биде избрана сто дена пред парламентарните избори што се договорени за 8 мај. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека в четврток ќе поднесе оставка, а претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ќе биде технички министер, утре ќе ги објави датумите за неговата оставка и за изборот на техничката влада. На негово место ќе дојде Јован Митрески од СДСМ.

Поврзани новости