ВМРО-ДПМНЕ за утре во 18.30 повторно најави протестен марш во центарот на Скопје, односно од Министерството за правда до Министерството за информатичко општество и администрација како што велат, против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.
– Оваа ненародна власт зема од лебот на народот, за да стави во сопствениот џеб. Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе, се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние што не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со три и четири деца без леб. Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место. Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики. За Заев школки, за народот трошки – ова е суровата реалност со СДСМ и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.