ВМРО-ДПМНЕ упорно почнува да ги брани уметниците, пратениците, режисерите за крвавите настани во Собранието

by Fokus

Хунтата ја уништи демократијата и правната држава. Државата е заробена, а институциите претворени во алатка на партискиот врв, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Судството е киднапирано и не одлучува согласно законите и Уставот, туку по диктат на власта. Правда и правичност се страни поими за правосудниот систем под контрола на хунтата. Правосудните органи се користат како средство за замолчување на слободномислечките граѓани, партиските опоненти и искрените патриоти. СДС во 21 век, среде Европа повторно ја оживеа инквизицијата, неосновано затворајќи го секој еден кој не се согласува со нивните политики – се наведува во партиското соопштение.

Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата.

 

Поврзани новости