ВМРО-ДПМНЕ: Упадот во домот на пратеникот е очаен потег на Заев

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција за упадот на Финансова полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески вели дека тоа е знак дека режимот е очаен и не бира средства за уцена.

„Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците. Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку утринава пратеникот Јаулески објави дека Финансовата полиција упаднала во неговиот дом, а од Управата за финансиска полиција пак негираа, појаснувајќи дека вршеле претрес во домот на неговиот татко, за кој не знаеле дека е татко на пратеникот.

Поврзани новости